in ,

Што?Што?

Озонската дупка во јужната хемисфера е поголема од Антарктикот

Озонската дупка во јужната хемисфера е поголема од вообичаеното и веќе ја надмина големината на Антарктикот, велат научниците.

 

Службата за надзор на атмосферата на Европската унија соопшти дека озонската дупка, која се појавува секоја година во текот на пролетта на јужната хемисфера, била значително зголемена претходната недела.

Атмосферскиот озон ја апсорбира ултравиолетовата светлина што доаѓа од сонцето. Неговото отсуство значи дека повеќе од тоа високо-енергетско зрачење стигнува до Земјата.

Протоколот од Монтреал, потпишан во 1987 година, доведе до забрана на халокарбонот, група хемикалии обвинети за проширување на озонската дупка.

Експертите велат дека супстанциите што го осиромашуваат озонот најверојатно нема да бидат исфрлени постепено до 2060-тите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote