in , ,

Што?Што?

Озонската дупка може да заздрави до 2066 година

Добрите вести за планетата се ретки, но озонската обвивка на Земјата е на пат целосно да се опорави во рок од неколку децении, бидејќи хемикалиите што ја осиромашуваат озонската обвивка се икинуваат низ целиот свет, според новата проценка поддржана од Обединетите нации.

Озонската обвивка ја штити планетата од штетните ултравиолетови зраци. Но, од доцните 1980-ти, научниците ја алармираат јавноста за дупка во овој штит, предизвикана од супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, вклучително и хлорофлуоројаглеродите, наречени CFC, кои често се наоѓаат во фрижидери, аеросоли и растворувачи.

Меѓународната соработка помогна да се запре штетата. Употребата на CFC е намалена за 99 отсто откако Монтреалскиот протокол стапи на сила во 1989 година, со што започна постепено укинување на овие и други хемикалии кои штетат на планетата, според проценката на експертската комисија објавена во понеделникот.

Доколку глобалните политики останат на сила, се очекува озонската обвивка да се опорави на нивоата од 1980 година до 2040 година за поголемиот дел од светот, се вели во проценката.

За поларните региони, временската рамка за закрепнување е подолга: до 2045 година над Арктикот и до 2066 година над Антарктикот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote