in

Што?Што?

ВНИМАВАЈТЕ! Ненадеен замор и пад на нивото на тромбоцити може да укаже на почеток на ковид-19!

Експертите веруваат дека игнорирањето на овие симптоми може да биде фатално.

Ненадејниот замор во комбинација со ненадеен пад на нивото на тромбоцити во крвта е исто така симптом на ковид-19 во почетната фаза, додека покачена температура и отежнато дишење се развиваат подоцна, велат експертите.

Според нив, игнорирањето на овие првични симптоми може да има фатален исход, пренесува Business Insider.

„Кај секоја вирусна инфекција, бројот на тромбоцити се намалува. Затоа, заморот и исцрпеноста не треба да се занемарат. Тестирајте се за коронавирус “, вели професорот Сантош Кумар од Одделот за респираторна медицина, КСМУ.

Веќе познатите симптоми на коронавирус се слични на грипот, а меѓу новите симптоми, лекарите вклучуваат дијареја, црвени очи, осип и замор.

Медицински експерти од индискиот град Лакнау велат дека имало над десетина случаи кога пациентите доживеале екстремен замор, но не се консултирале со лекарите. Кога нивната состојба се влоши, тест на крвта покажа драстичен пад на нивото на тромбоцити. Потоа, пациентот ќе развие проблем со дишењето и ќе има фатален исход без употреба на кислород, се наведува.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote