Жена во Австралија паднала од карпа откако се обидела да направи селфи.
Роси Ломба (38) во моментот на несреќата била во националниот парк Грампијанс во австралиската држава Викторија со сопругот и детето.
Полицијата соопшти дека Роси се искачила на безбедносната бариера и ги игнорирала предупредувањата по што паднала од висина поголема од 80 метри.
Сведоците ја слушнале како вреска, но не можеа да и помогнат. Полицијата го извлече нејзиното тело по шестчасовна акција.
Локалниот туристички водич Греам Вуд изјави дека ги предупредил патниците на глетка само половина час пред да падне жената.
Коментари
Loading…