in

Пандемијата донесе тишина во океаните!

Пандемијата ја направи 2020 година „година на тишина“ во океаните, бидејќи бучавата предизвикана од човечки активности е значително намалена, покажуваат резултатите од научните студии.

Пандемичните ограничувачки мерки ја донесоа најтивката година за светските океани, тврдат научниците кои работат на глобална мапа на подводни звучни пејзажи.

Бучното загадување од морските мотори, риболовните активности, нафтените платформи, подводните експлоатации и другите човечки активности значително опаднале од минатата пролет, велат научниците.

Како и загадувањето на светлината на копно, човечкиот шум е растечки проблем за морскиот живот, бидејќи се покажа дека ги попречува видовите кои зависат од звучна комуникација, ориентација и навигација.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote