in

ПАНИКА НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ: Полицаец вперил пиштол кон вооружен човек кој лежел на подот, пристигнало засилување!

Полицијата го блокираше пристапот до одредени делови на аеродромот во Франкфурт, најпрометниот аеродром во Европа, вклучувајќи го и терминалот 1, поради сомнително напуштена торба.

Покрај терминалот, немаше аеродромски воз.

Аеродромот на својот официјален профил на Твитер објави дека делови од терминалот 1 се блокирани и дека тие апелираат до патниците да ги следат упатствата на обезбедувањето и полицијата. Според агенцијата „Sputnik Int.“, во тек е полициска акција.

На социјалните мрежи се појави видео од полицаец или припадник на обезбедувањето од аеродромот како вперува пиштол кон лице кое лежи на подот од аеродромското лоби. Потоа се појавуваат уште неколку полицајци и пристигнуваат како засилување.

Властите потврдија дека во тек е полициска акција, но не е јасно што довело до хаос на аеродромот. Според германски новинар, две лица кои го оставиле куферот без надзор биле приведени.

Како последица на овие настани, некои летови може да бидат одложени. На патниците им беше кажано однапред да го проверат статусот на летот пред пристигнувањето.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote