in

ВАТИКАН СО СТАВ ЗА КОРОНАВИРУСОТ! Папата Франциско ги критикуваше луѓето кои протестираат против обврската за носење маски!

Папата Франциско нема разбирање за демонстрантите кои се спротивставуваат на епидемиолошките мерки, особено на носењето маски, додека за луѓето кои протестираа по насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд, тој вели дека тиа изразиле „здрав бес“ против расизмот.

„Некои групи протестираа, одбија да се држат на дистанца, маршираа против забраната за патување – како да мерките наметнати од владите се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, како што објави Гардијан.

Тој го поддржа носењето маски како форма на заштита од корноата.

„Истите тие луѓе кои протестираа против рестриктивните мерки, никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостасува вода за пиење, образование или поради семејства кои ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, тоа е тоа. не ги допира воопшто, не би протестирале затоа што не се во можност да излезат од нивниот мал свет на лични интереси “, додаде папата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote