Десетици шверцувани папагали ставени во пластични шишиња беа пронајдени на брод што се закотви во пристаништето Факфак, во источната индонезиска област Папуа.
Полицијата соопшти дека екипажот пронашол 64 живи и 10 мртви папагали откако слушнал бучава од една голема кутија.
Индонезија има најголем број загрозени видови птици во Азија и широко распространета илегална трговија со нив.
Портпаролот на полицијата Додик Jунаиди изјави дека требало да пристигне непознатата дестинација до која се пронајдени папагалите.
Сè уште никој не е уапсен.
Пронајдените птици потекнуваат од Нова Гвинеја и околните острови во југозападен Пацифик. Папагалите се наоѓаат на списокот на загрозени видови.
Коментари
Loading…