in

Патрик Виера нов тренер на Кристал Палас

Патрик Виера ќе седне на клупата на Кристал Палас, пренесуваат спортските медиуми од Островот.

Поранешниот играч на Арсенал е фаворитот за превземање на тренерската позиција во Кристал Палас, отакко Рој Хоџсон изјави дека го напушта клубот на 18 мај. Договорите се одвиваат многу брзо и 45 годишниот Виера ќе потпише 3 годишен договор.

Виера доби отказ од францускиот клуб Нице во декември минатата година. Претходно тој ја тренираше екипата на Њу Јорк Сити која се натпреварува во МЛС лигата. Виера е легенда на Арсенал и настапуваше за клубот од 1996 до 2005 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote