Неколку денови откако најави нешто ново, легендарниот музичар конечно го објави својот нов албум насловен „McCartney III“ кој треба да искочи на 11ти Декември преку Capitol Records. Насловот е продолжение после неговиот деби соло албум во 70тите „McCartney“ и вториот негов албум во 80тите „McCartney II“.

„МcCartney III“ беше снимен во текот на оваа година во Англија и во него Пол Мекартни свири на сите инструменти вклучувајќи ги: гитарата, пијаното, басот и тапаните. „За време на карантините јас бев во мојата фарма заедно со моето семејство и свирев во студиото секој ден. Имав некоја работа да напишам музика за филм и кога ја завршив се запрашав што понатаму? Секој ден свирев со инструментите и не ни замислував дека ќе напишам албум.“ изјави Пол.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…