Вин Дизел навести дека Пол Волкер можно е да се појави во последниот филм од франшизата Брзи и Бесни.
Актерот почина во ноември 2013 година за време на снимањето на Брзи и Бесни 7. Филмот му оддаде почит и неговиот лик не беше отстранет, туку се појави на филмското платно и беше кажано дека ликот Брајан се прензионира од тркањето.
Пред излегувањето на Брзи и Бесни 9, Вин Дизел го промовираше филмот во голем број на интервјуа. Тој откри дека ќе се снима уште еден дел, последен од франшизата Брзи и Бесни и дека студиото Универзал никогаш не беше спремно да му каже збогум на ликот Брајан којшто го толкуваше Пол Волкер.