in

Пеле: Сакам Нејмар да го обори мојот рекорд!

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле изјави дека сака Нејмар да го обори неговиот рекорд за репрезентативниот дрес.

Пеле постигна 77 погодоци во дресот на бразилската репрезентација, а сега Нејмар стигна блиску до таа бројка. Напаѓачот на ПСЖ има само 9 погодоци помалку од Пеле, откако постигна гол во натпреварот против Перу во Копа Америка.

Нејмар беше во солзи откако го постигна голот и на прес конференцијата објасни колку му било тешко на него и неговата нација овие изминати неколку години и дека сака сите да ги направи горди.

Пеле, кој е еден од најдобрите играчи во историјата, изјави дека е невозможно да не се насмевнете кога го гледате Нејмар како игра.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote