in

ПЕЛЕ СЕ ОПРОСТИ ОД МАРАДОНА! ЗАЕДНО ЌЕ ИГРАМЕ ФУДБАЛ НА НЕБОТО!

Легендарниот Бразилец Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, изрази жалење за смртта на Диего Марадона.

Марадона почина како резултат на срцев удар, објавија медиумите во Аргентина и Бразил.

“Колку тажни вести. Изгубив голем пријател, а светот изгуби легенда. Има уште многу да се каже, но засега, нека Бог им даде сила на членовите на неговото семејство. Еден ден, се надевам дека ќе играме фудбал горе на небото”. , рече славниот Бразилец.

Во светот на фудбалот, прашањето отсекогаш било популарно – кој е подобар, Пеле или Марадона?

Светот беше поделен на оние кои претпочитаа еден или друг, но суштината е во тоа што како играчи тие правеа еднакво волшебни чуда.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote