Главна ѕвезда 37 на доделување на наградите „Гоја“ дефинитивно беше шпанската дива Пенелопе Круз. Доделувањето на наградите „Гоја“, кои, инаку, се сметаат за шпански еквивалент на Оскарите, се одржува во Валенсија, а кога Пенелопе дојде на црвениот тепих, многумина беа изненадени.
За оваа пригода една од најубавите актерки во Холивуд се појави во црн фустан во готски стил. Горниот дел од фустанот Dolce&Gabbana се состоеше од полупроѕирен корсет, додека долниот дел беше изработен од неколку слоеви тантела и креп сатен.
Целата комбинација Пенелопе ја заокружи со црна тантела марама и елегантни обетки.
Иако многумина се навикнати да ја гледаат актерката во беспрекорни повеќекратни комбинации, оваа креација наиде на негативни коментари.
„Фустанот ја проголта“, „Се облече како да отиде на погреб“, „Ова не е ни за маскенбал“, „Тотален неуспех, овој стил не и одговара“, се само дел од коментарите за нејзиниот изглед.