in

Перез победи во Баку по драматичната завршница!

Макс Верстапен ја загуби победата откако му откажа гумата на самиот крај од трката во која и неговиот најголем ривал, Луис Хамилтон не успеа да освои поен.

Возачот на Ред Бул, Чеко Перез ја победи трката, а новиот возач на Астон Мартин, Себастиан Ветел застана на подиумот за прв пат во новиот тим. Пјер Гасли имаше одлична трка која ја круниса со последното место на подиумот.

Макс Верстапен беше во водство се до последната фаза на трката кога неговата гума откажа и се удри во заштитната ограда. По рестартот, тргнувајќи како втор, Луис Хамилтон поради прекасното кочење падна на последната позиција.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote