in

Перез: Роналдо е идиот, Мурињо не е нормален!

По трет пат во неколку месеци објавени се аудио снимки од претседателот на Реал Мадрид, објавено е како Перез ги навредува Роналдо и Мурињо.

“Роналдо е луд. Човекот е идиот, болесник. Дали мислите дека е нормален? Не може да биде нормален кога прави вакви нешта. Роналдо и Мурињо се личности со големо его. Двајцата се одбиваат да ја прифатат реалноста. Да се поианкви сигруно би заработиле и повеќе пари. Мурињо не е нормален!”.

Перез  тврди дека аудио снимките биле скришно снимени без негово знаење. Неговата изјава гласеше: “Објавените аудио снимки беа дел од разговорите тајно снимени од страна на José Antonio Abellán, кој долги години безуспешно се обидуваше да ги продаде.”.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote