in

Германски виролог: Периодот помеѓу двете вакцини е особено опасен!

Ханс-Георг Кројслич, главен вирусолог на Универзитетската клиника „Хајделберг“, предупредува на опасноста од нови мутации на вирусот корона, особено во периодот помеѓу приемот на две дози на вакцината.

“Би било загрижувачки ако во следните недели, многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било почва за нови видови кои би можеле да ја заобиколат вакцината”, Кројслих изјави за весникот Рајн Некар Цајтунг“.

Тој истакна дека со делумен имунитет може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.

„Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации“, рече Крајслич.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote