in

Перишиќ доби позитивен тест! Нема да настапи против Шпанија

Фудбалерот на Хрватска, Иван Перишиќ се тестираше позитивен на Ковид-19 и ќе го пропушти натпреварот во нокаут фазата против Шпанија.

Крилото на Интер погоди во вторникот во победата на Хрватска против Шкотска и го постави конечниот резултат од 3-1. Со оваа победа Хрватска обезбеди пласман во следнат фаза од натпреварувањето.

Перишиќ, 32, сега ќе мора да помине 10 дена во самоизолација, потврди фудбалската федерација на Хрватска. Сите останати хрватски фудбалери и членови на тренерската екипа се тестираа негативно и се спремни за натпреварот.

Како ви се допаѓа?

3 поени
Upvote Downvote