in

Четири работи кои траеја подолго од Суперлигата!

Бидејќи плановите за новата фудбалска лига се распаднаа за два дена, еве што траеше подолго.

Се чини дека само пред два дена дознавме дека шест британски фудбалски клубови ќе се приклучат на новата европска Супер лига (ЕСЛ).

За време на најголемата гужва во поновата спортска историја, бевме сведоци како проектот се најавува, дискутира, енергично се спротивставува и конечно.. се откажува. Сето ова за два дена.

Првиот брак на Бритни Спирс

Не треба да бидеме изненадени од фактот дека бракот траеше подолго од лигата што никогаш не постоеше.

Но, станува збор за првиот брак на Бритни Спирс во 2004 година, кога се омажи за Џејсон Александар.

Траеше 55 часа, пред да биде поништен.

Нејзиниот тим ја опиша целата ситуација како „шега што отиде предалеку“.

 

Драмата во Суецкиот канал

Се сеќавате на минатиот месец кога зборувавме само за оној огромен брод што заглави во Суецкиот канал и целосно ги наруши трговските патишта во светот?

Ние ги паметиме тие денови како старите добри времиња.

Бродот беше заглавен шест дена – четири дена подолго отколку што беше во воздухот идејата за европската Супер лига.

Млеко во вашиот фрижидер

Можно е да сте подготвиле кафе додека ги следите вестите за откажување на новата фудбалска лига.

Ако пиете кафе со млеко, веројатно сте го „закористиле“ од пакувањето што сте го купиле пред да биде објавена идејата.

 

Процес на подготовка на хамбургери

Следно, наводно, ни требаат два дена за да вариме некои видови месо.

Ако јадевте бургер или плескавица кога беше објавена Супер лигата на Европа, има големи шанси храната сè уште да не поминала низ вашиот систем пред да се распадне лигата.

 

 

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote