in

Петел кој се користел за нелегални борби го уби својот сопственик!

Петел со сечиво врзано околу ногата за нелегална борба со петли го уби сопственикот на југот на Индија.

Птицата го пресекла сопственикот во пределот на препоните во обид да избега. Човекот починал на пат кон болницата поради загуба на крв.

Полицијата сега трага по уште 15 лица, кои биле вклучени во овој настан во селото Лотунур во државата Телангана.

Полицијата соопшти дека птицата требало да учествува во борба со петел кога се обидела да избега. Неговиот сопственик се обидел да го фати, а петелот го удрил со сечило долго седум сантиметри.

Сите лица вклучени во овој настан се соочуваат со обвиненија за убиство, незаконско обложување и организирање борба со петел.

Петелот помина извесно време во полициската станица, а потоа беше префрлен во фармата.

Борбите со петли се нелегални во Индија од 1960 година, но овој феномен сè уште е релативно чест во руралните области, особено за време на хинду-фестивалот Санкранти.

Ова не е прв пат петел да го убие својот сопственик. Минатата година еден човек во државата Андра Прадеш почина откако петел го удри со нож, односно стапало во пределот на вратот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote