in

Петиција за враќање на Johnny Depp во Fantastic Beasts собра 145,000 потписи!

Илјадници фанови потпишаа петиција за враќањето на Johnny Depp во франшизата Fantastic Beasts. Актерот неодамна даде отказ, откако тоа од него беше побарано од страна на студиото Warner Bros поради изгубената правна битка со таблоидот The Sun. Depp го тужеше Sun, откако медиумот го нарече „тепач на жени“, но го загуби спорот и беше приморан да го напушти проектот на WB.

Но подршката од фановите беше огромна и сега тие се закануваат дека ќе го бојкотираат филмот доколку Depp не се врати во проектот. Тие дури и покренаа петиција во која собраа 145,000 потписи досега. Петицијата гласеше: „Johnny Depp беше запрашан од WB да врачи отказ и да го напушти Fantastic Beasts 3. Тоа се случи поради судскиот спор со таблоидот The Sun, кој беше тотално неправеден. Ние го сакаме Depp назад или ќе го бојкотираме филмот!“

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote