in

Петар Чех се налути на УЕФА! Како е можно Маунт и Чилвел да одат во самоизолација?!

Поранешниот репрезентативец на Чешка, Петар Чех не гледа логика во одлуката на УЕФА со која ги примора фудбалерите на Челси, Мејсон Маунт и Бен Чилвел да одат во самоизолација.

Ѕвездите на Челси, Мејсон Маунт и Бен Чилвел мораше да се самоизолираат откако биле во директен контакт со нивниот тимски колега Били Гилмор, кој доби позитивен тест, по натпреварот Англија-Шкотска.

Проблемот е во тоа што УЕФА им дозволи на Шкотската репрезентација да се натпреварува, без самоизолација, но само на Маунт и Чилвел им нареди да одат во карантин само поради тоа што се тимски колеги со Гилмор. Ваквата одлука доби остра осуда од легентарниот голман на Сините, Петр Чех и неговото незадоволство го изрази на социјалните мрежи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote