in

Petronas нема да го продолжи договорот со Валентино Роси!

Valentino Rossi Petronas

Тркачкиот тим Petronas Yamaha Sepang едногласно одлучи да не ја продолжи соработката со Валентино Роси.

Малезиските медиуми јавуваат дека одлуката е донесена по разговорите со Разлан Разали, првиот човек на тимот.

Овој 42-годишен деветкратен светски шампион пристигна во Petronas Yamaha оваа сезона и во последниве месеци повеќе пати изјави дека не одлучил дали ќе биде дел од шампионатот во Мото ГП и следната година.

Сепак, Разлан потенцираше дека неговиот тим нема трпеливост и не може да чека премногу долго за одлуката на Роси затоа што СРТ има план, па затоа едногласно беше решено да се прекине соработката со Италијанецот на крајот на сезоната

„Ние (СРТ) одбиваме да чекаме предолго на одлуката на Роси за тоа дали тој сака или не продолжува да се вози следната сезона. Преку разговори со управата, едногласно се согласивме да не го продолжиме договорот со Валентин за 2022 година“, рече Разлан.

Првиот човек на Petronas додаде дека тимот ќе се фокусира на наоѓање на најдобрите млади возачи кои ќе го пополнат празното место.

Роси е само 19-ти во генералниот пласман со 15 бода, и не е тајна дека тој сака да го има својот тим во шампионатот во Мото ГП следната сезона, со помош на Yamaha.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote