in

Pfizer планира да произведе 1.3 милијарди вакцини против КОВИД-19

Компанијата Pfizer минатиот вторник изјави дека е спремна да произведе 1.3 милијадри дози на вакцината за следната година против КОВИД-19. Компанијата потврди дека има план да испорача 50 милиони вакцини до крајот на оваа година. Минатиот понеделник, Pfizer изјави дека првичните резултати покажуваат 90% ефикасност на вакцината, но продолжија со тестирањето во третата фаза.

Вакцината ќе мора да биде примена во две дози, па 50 милиони вакицни значи дека ќе можат да примат 25 милиони луѓе. Министерот за Здравство на САД изјави дека новостите на вакцината на оваа компанија се многу оптимистични и подобри од било кое очекување. Научниците предвидуваат дека животот ќе се нормализира напролет и дека крајот на пандемијата е блиску.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote