in

Pfizer поднесе барање за одобрување на вакцината за деца постари од 12 години!

Pfizer и Biontek денес потврдија дека поднеле барање до Европската агенција за лекови (EMA) за проширување на употребата на нивната вакцина за коронавирус на деца на возраст од 12 до 15 години.

Претходно овој месец, компаниите поднесоа слично барање до американскиот регулаторен здравствен орган за нивната вакцина, што е веќе одобрено за употреба кај луѓе постари од 16 години и во САД и во Европската унија.

Барањето се заснова на позитивни резултати од клиничка студија во која учествувале 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија компаниите.

Директорката на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, на почетокот на овој месец изјави дека очекува дека вакцината Пфајзер ќе биде одобрена за деца на возраст од 12 до 15 години до средината на мај.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote