Компанијата која неодамна изјави дека нивната вакцина против КОВИД-19 е 90% ефикасна, веќе има продадено 82% од дозите кој планира да ги произведе на најбогатите земји во светот, според анализите. Ова поттикнува ново прашања: дали ќе има доволно дози за посиромашните земји? Фармацевтскиот гигант и партнер на BioNTech планира да произведе 1.3 милијарди дози од вакцината во 2021, но голем број од тие дози веќе се нарачани од земји како Велика Британија, Јапонија, САД и Европската Унија.
Овие држави нарачаа голем број на вакцини, а за остатокот на светот останува само 14% од вкупната залиха. Анализата беше спроведена од Global Justice Now, кампања која е базирана во Велика Британија и не предупреди дека можно е посиромашните земји да немаат достапност до вакцината веднаш по нејзиното одобрување со што ќе се загрозат илјадници животи ширум светот.
Коментари
Loading…