in

НБА: Феникс Санс на една победа до големото финале!

Екипата на Феникс Санс е на една победа до финалето во НБА лигата во кое нема играно 28 години.

Тие ја победија екипата на Лос Анџелес Клиперс со резултат 84-80. Крис Пол погоди 5 слободни фрлања во последните моменти од натпреварот и им ја донесе третата победа на Феникс во 4 натпревари.

Девин Букер ја заврши средбата со 25 поени, а Деандре Ејтон уфрли 19 поени и фати 22 скока. Од Клиперси најефикасен беше Пол Џорџ со 23 поени и 16 скока. Санс можат да го потврдат нивното место во финалето веќе следниот натпревар.

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote