in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Пита-пица од готови кори: Брз и штедлив вкусен рецепт за вашиот ручек!

Пита-пица подготвена според стар рецепт од нашите баби…

Не се досадувајте во изолација, подгответе вкусна вечера за вашето семејство!

Состојки:

  • 10 тенки готови кори,
  • 150 грама сирење,
  • 100 гр рендан паризер,
  • 100 мл млеко,
  • 2 јајца,
  • малку кечап,
  • половина прашок за пециво,
  • оригано и масло

Подготовка:

Издробете го сирењето со вилушка, додадете го млекото и 2 јајца, прашокот за пециво и измешајте. Паризерот изрендајте го.

Земете една кора и малку напрскајте ја со масло, ставете 3 лажици од подговената смеса и премачкајте ја целата кора. Одозгора наросете со малку паризер, малку кечап и оригано.

Завиткајте во ролничка и наредете во подмачкан плех. Истата постапка направете ја со сите останати кори.

Премачкајте ги ролничките со масло и печете околу 30 минути на 200 степени.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote