in

Што?Што?

КАФЕТО ПРАВИ ЧУДА! Кафето се покажа успешно против болестите на црниот дроб!

Една нова студија од Велика Британија откри дека пиењето кафе е поврзано со намален ризик од хронични заболувања и други здравствени состојби на црниот дроб. Научниците во моментов работат на испитување на можноста за вклучување кафе во лекувањето на овие болести.

Студијата, објавена во списанието BMC Public Health овој месец, покажа дека луѓето кои пијат кафе имаат 21% намален ризик од заболување на црниот дроб и 49% помал ризик од смрт од хронично заболување на црниот дроб.

Здравствените придобивки биле најизразени кај луѓето кои пиеле мелено кафе во споредба со оние кои пиеле инстант кафе. Ова истражување претставува нови докази и придонесува за теоријата дека кафето му користи на здравјето на црниот дроб.

Истражувачите проценувале здравствени податоци на 495.585 луѓе кои биле следени во просек 10 години. Од таа група, 78 проценти конзумирале мелено кафе со кофеин, инстант кафе или кафе без кофеин, а 22 проценти не конзумирале кафе.

За време на студијата, имало 3.600 случаи на хронично заболување на црниот дроб или стеатоза, акумулација на маснотии во црниот дроб. Исто така, пријавени се 184 случаи на хепатоцелуларен карцином, рак на црн дроб.

Оние кои пиеле кафе имале 21% намален ризик од развој на хронично заболување на црниот дроб и 20% помал ризик од замастен црн дроб. Учесниците во истражувањето кои пиеле кафе, исто така, имале 49% намален ризик од смрт од хронично заболување на црниот дроб.

Потребно е повеќе истражување за да се испита како кафето, заедно со начините на неговото производство, може да ги подобри здравствените резултати кај луѓето со заболување на црниот дроб.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote