in

СмешноСмешно WTFWTF Што?Што?

ПИЈАН ТУРЧИН СЕ ПРИДРУЖИЛ НА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТ МАЖ ПРЕД ДА СФАТИ ДЕКА НЕГО ГО БАРААТ

Маж кој се водел како исчезнат случајно се придружил на потрагата по него во Турција, пред да сфати дека тој е лицето што го бараат, објавија локални медиуми.

Бејхам Мутлу пиел со пријатели пред да залута во шума во провинцијата Бурса. Откако не се вратил дома, неговите сопруга и пријатели пријавиле во полиција, по што била организирана потрага. Педесетгодишниот Мутлу случајно налетал на спасувачи и волонтери кои го пребарувале теренот и одлучил да им се придружи.

Кога по неколку часа групата почнала да го извикува неговото име, тој одговорил: „Тука сум“.

Откако бил одведен да даде изјава, полицијата го вратила Мутлу дома.

„Не ме казнувајте многу. Татко ми ќе ме убие“, рекол Мутлу.

Засега е нејасно дали ќе биде казнет.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote