in

БИЗАРНО! Пијан инженер со авион удрил во борбен авион! [ФОТО]

Необична сообраќајна несреќа во која се судри Фолксваген со борбен авион се случи во украинскиот град Василково.

Неименуван возач на неговиот Фолксваген Туран удрил во борбен авион МИГ-29. Зад воланот бил инженер на втората ескадрила на воената единица, видливо пијан.

Она што останува нејасно е каде точно инженерот успеал да удри во авионот. Се претпоставува дека тој возел дел од пистата каде што нема МИГ. Овој, наводно, бил влечен кон хангарот, но од непознати причини бил оставен на отворено и без соодветни ознаки.

Судејќи според фотографиите, возачот возел со пристојна брзина, па немал време да застане. Од силината на ударот, авионот се запалил. Штетата е секако огромна и за Туранот, додека возачот излегол од несреќата само со посекотини и модринки.

Украинското воено воздухопловство некое време остана без еден борбен авион, што претставува загуба од четири проценти. Имено, како што пишува „Популарна механика“, украинското воено воздухопловство имало 37 авиони МИГ-29 пред оваа несреќа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote