in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Превкусна пилешка салата со сусам

Вкусна салата со пилешко бело месо е одличен оброк за оние денови кога не сте расположени да поминете подолго време во кујната.

 

  • две парчиња пилешки стек
  • Десет кисели краставички
  • 200 гр. мајонез
  • една павлака
  • Сол, бибер и друг зачин по желба
  • Сусам

Начин на подготовка:

Месото варете го со зачините. Кога ќе омекне, оставете го да се излади, па исечете го на ситни парчиња. Додека чекате да се излади, пропржете го сусамот додека да добие златеста боја.

Киселите краставички исецкајте ги на коцки и промешајте ги со месото. Додајте павлака и мајонез, како и сол и бибер по вкус.

Ако салата ви изгледа сува, додајте уште малку павлака за да ја добие посакуваната текстура.

Додајте сусам и промешајте. Послужете со тост или домашен леб.

Како ви се допаѓа?

-4 поени
Upvote Downvote