Ова јадење ќе го маѓепса секој што ќе го проба.
Состојки:
- Килограм пилешки гради или филе
- 200 грама рендан кашкавал
- 500 мл млеко
- путер
- брашно
- 200 мл павлака
Подготовка:
Исечете го пилешкото на коцки, додадете сол и бибер, додадете малку кари и сенф (по избор) и пржете го.
Во растопениот путер (две поголеми коцки) додадете брашно и пржете го додека не порумени, а потоа додадете млеко и мешајте на тивок оган додека не се згусне. Потоа тргнете го од оган, додадете павлака и 100 гр рендано сирење.
Ставете го пилешкото во огноотпорен сад и прелијте го со бешамел сосот. Потоа наросете уште 100 гр рендано сирење. Ако сакате, можете да додадете и малку лук во прав и сушен кромид или магданос одозгора.
Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.
Коментари
Loading…