in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Пиперката има повеќе витамин Ц од лимонот, го штити и срцето

Според нутриционистите, пиперките имаат бројни здравствени придобивки, кои не треба да се занемарат. Покрај примамливиот вкус, тие имаат и посебни лековити својства што ги прават добредојдени за секој оброк.

100 гр свежа црвена пиперка содржи 92% вода, 6 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини, 0,3 грама маснотии и 1,2 грама диетални влакна.

Пиперката е одличен извор на витамини А, Ц и Б6. Таа е добар извор на фолна киселина, диетални влакна, витамин Б2, пантотенска киселина, ниацин и калиум, витамин К, манган, витамин Б и магнезиум.

Колку е позрела пиперката, толку е повисоко нивото на витамини и минерали. Пиперките содржат 4 пати повеќе витамин Ц од портокалите и над 30 хранливи материи од групата каротеноиди. Синергијата на витамините Ц и А, каротеноидите и ликопенот им дава антиоксидантна моќ на пиперките и ги класифицира како суперхрана.

Добра е за очите

Овој крцкав зеленчук содржи витамин А, кој помага во одржувањето на здравјето на очите и работи за спречување на макуларна дегенерација.

Го штити срцето и е добра за варење

Сите пиперки обезбедуваат доволна количина влакна, малку железо и фолна киселина, кои помагаат во одржувањето на здравјето на цревата, здрав кардиоваскуларен систем и соодветна природна детоксикација.

Извор на антиоксиданси

Црвениот пипер е исто така богат со витамин Ц и разни каротеноиди кои дејствуваат како антиоксиданси и го промовираат здравјето на очите и кардиоваскуларниот систем. Жолта или портокалова пиперка обезбедува бета-каротин, антиоксидантна форма на витамин А, витамин Ц и калиум.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote