in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ПИРЕ ОД КОМПИРИ НА НОВ НАЧИН: Заборавете на класичното готвење компири во вода!

Деновиве на социјалните мрежи се прошири видео кое открива метод за подготовка на пире од компири, за многумина непознат. Авторот на видеото, Џордин Паркс, открива дека ова не е нов, измислен метод бидејќи го подготвила на ваков начин нејзината баба.

Џордин, која го знае овој метод на подготовка уште од дете, не можеше да верува дека луѓето готват само пире од компири во вода.

Еве како таа го прави тоа:

Прво ги зема компирите, ги мие и не ги лупи, туку само ги премачкува со масло од авокадо (може и некое друго масло). Потоа ги става во тенџере во кое претходно додала вода, морска сол и состојка што го прави целиот рецепт посебен – супа од пилешко или говедско месо – во зависност од месото што ќе го сервираме со пирето.

Супата ќе го појачи вкусот и пирето ќе биде многу покремасто, тврди таа. Кога компирот ќе се свари, додадете путер и млеко и направете пире.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote