Ќе уживате во секој вкусен залак
Состојки:
400 гр спанаќ или зелка, 4 јајца, 1 чаша пченкарно брашно, 2 чаши пченично брашно, 100 мл масло, 1 кесичка прашок за пециво, 1 до 2 лажички сол, 1 чаша кисело млеко, 300 гр сирење.
Подготовка:
Спанаќот измијте го и исецкајте го или исцепкајте го, па прелијте го со врела вода и оставете го настрана. Ако преферирате, можете и да го обарите.
Изматете ги јајцата и додадете ги другите состојки. На крај додадете го спанаќот што го исцедивте од водата и сè убаво измешајте. Истурете во подмачкана тава со средна големина и ставете ја во веќе загреана рерна и печете на 200 степени околу 30 минути.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…