in

СлаткоСлатко

Пита со месо КОЈА СЕ ПРАВИ ЗА 15 МИНУТИ: Оние кои ја пробале тврдат дека е ПОВКУСНА И ОД БУРЕК

Питата со полиено месо се прави од само 7 состојки и е многу едноставна. За кратко време ќе имате оброк со феноменален вкус, бидејќи питата е сочна и мека како сунѓер. Може да се сервира топло, иако некои повеќе го сакаат ладно, со чаша јогурт или кондензирано млеко.

Потребни состојки:

  • 2 глави кромид
    13 лажици брашно
    300 грама мелено месо
    3 јајца
    чаша јогурт (мерката е чаша од 200 мл)
    кесичка прашок за пециво
    половина чаша масло (мерката е чаша од 200 мл)
    сол, бибер, суви билни зачини по желба

Како се подготвува?

Кромидот исчистете го, исечкајте го, па пржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете да динстате додека месото не побели. Зачинете по желба и оставете да се излади. Скршете три јајца во сад, додајте брашно, прашок за пециво, јогурт и масло, па додајте го месото и сè изматете со блендер.

Намастете го плехот, посипете го со брашно, истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote