Кристофер Чепел, 72-годишен пензионер од Велика Британија, платил 20.000 евра за патување со брод околу светот, но останал заглавен на Филипините, кога бродот за крстарење тргнал без него.
На половина пат, Чапел почнал да чувствува мачнина и вртоглавица, па го посетил докторот на бродот, кој му рекол дека нема да му биде дозволено да се врати на бродот и го испратил на дополнителни тестови.
За среќа, Чапел дознал дека доживеал само благ топлотен удар, но токму тогаш почнала да се развива драмата. Имено, додека тој бил на преглед, крузерот го напуштил пристаништето.
Чапел и неговата внука Карен Вилијамс стапиле во контакт со линиите за крстарење и со осигурителот на патникот и им кажале дека Чапел има критична здравствена состојба што го отежнувала враќањето на бродот.
Лекарите сметале дека не е способен да лета за Манила, па морал да отпатува таму со брод, а потоа да се врати дома со авион со медицинска придружба.
„Лекарите кои ме донесоа дома беа прекрасни, не можев да им замерам, иако не беа сигурни зошто е сето ова потребно затоа што само ми дадоа апче за да ги смирам нервите и сѐ беше во ред со моето здравје“, рече тој.
„Сè изгледа како комична лага. Лицето што ме придружуваше од бродот не ме ни прегледа и сигурно знаеше дека тестовите во болницата ќе траат подолго отколку што бродот ќе биде во пристаништето“, додаде тој.