in ,

СмешноСмешно

По 60 години ја вратил книгата во библиотеката, со долго писмо и извинување

Човек кој позајмил книга од библиотека во германскиот град Манхенгладбах, ја вратил 60 години по крајниот рок за враќање.

Книгата пристигнала на адресата на германската библиотека во пакет испратено од југот на Франција, заедно со рачно напишано извинување на две страници, соопшти управата на библиотеката, додавајќи дека нема да ја наплати преостанатата казна на нејзиниот поранешен член.

Во писмото денеска 81-годишниот член на библиотеката во Манхенгладбах бара „илјада пати прошка“ за доцнењето со враќањето на книгата.

Неименуван маж позајмил книга од Фридрих Енгелс пред 60 години.

„Градската библиотека со задоволство го враќа својот имот. „Сега можеме да го пречкртаме насловот од долгата листа на книги што недостасуваат“, се вели во соопштението на администрацијата.

Од крајот на Втората светска војна, повеќе од 850 книги исчезнале од таа германска градска библиотека.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote