in ,

Што?Што? ТаженТажен

Почина легендарниот рапер Кулио

Кулио стекна светска слава по објавувањето на огромниот хит Gangsta’s Paradise во 1995 година, за кој беше награден со Греми.

Познатиот рапер Кулио почина на 60-годишна возраст во Лос Анџелес, потврди неговиот менаџер.

Уметникот, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, починал во домот на пријател, изјавил за АП неговиот долгогодишен менаџер Џарез Пози.

 

Причината за смртта засега не е откриена.

Кулио стекна светска слава по објавувањето на огромниот хит Gangsta’s Paradise во 1995 година, за кој беше награден со Греми за најдобра рап соло изведба. Споменатиот успех беше на саундтракот на филмот „Опасни мисли“ со Мишел Фајфер во главната улога.

 

На почетокот на оваа година, песната достигна една милијарда прегледи на YouTube.

Сакам да им се заблагодарам на сите за годините на љубовта и тоа што бевте покрај мене. Се надевам дека те видов и во добри и во лоши времиња“, изјавил Кулио во таа прилика, пренесува Јутарњи лист.

Тој беше номиниран за Греми уште пет пати во кариерата што започна кон крајот на 80-тите години на минатиот век.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote