Холандскиот инженер Лу Отенс, на кого му се припишува изумот на аудио касети, почина на 94-годишна возраст.
Според NME, Отенс започнал да работи за Philips во 1952 година, а во 1960 година бил унапреден во раководител на одделот за развој на производи. Со тим во тој оддел, тој го разви концептот на првиот мобилен рекордер за звук.
Три години подоцна, поточно во 1963 година, тој ја претстави првата аудио касета на саемот за електроника во Берлин. „Компактната касета“ наскоро беше регистрирана како официјална марка.
Се проценува дека се продадени повеќе од 100 милијарди касети ширум светот.
Во подоцнежниот дел од својата кариера, Лу Отенс играше клучна улога во заедничкиот проект на Sony и Philips, што резултираше со појава на CD-а. Од 1982 година до денес, продадени се најмалку 200 милијарди дискови ширум светот.
Коментари
Loading…