Бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи почина од компликации на Ковид-19.
Сопственикот на големата трговска компанија Гемак, која се занимава со увоз на алкохол и недвижнини, беше именуван за заменик на градоначалникот Петре Силегов по изборите во 2017 година. Малиќи беше хоспитализиран поради друго заболување на приватна клиника во Скопје, а во меѓувреме се заразил со коронавирус.
Тој беше почесен конзул на Мексико. Тој беше советник на ДУИ.
Коментари
Loading…