in

Почина Килагуни, најстариот носорог во светот!

Најстариот црн носорог на светот почина на 46-годишна возраст во зоолошката градина во Берлин, објави од зоолошката на својата веб-страница, збогувајќи се со „старата дама“.

Килагуни, чиј заштитен знак беше исклучително изразениот рог, пристигна во германската зоолошка градина на 19 октомври 1975 година, пред скоро 45 години.

Зад себе остави потомци: женски црн носорог Мабури и женски индиски носорог Бети, 25, како и двегодишните „внуци“ Маиша и Карла.

Килагуни родила пет младенчиња за време на својот живот, придонесувајќи за зачувување на загрозените видови, објави зоолошката градина.

„Бидејќи во последните неколку години се повеќе ја мачеа проблеми со староста, на крајот тешко можеше да стане сама и зоолошката градина по обемни консултации реши да ја успие Килагуни„.

Според зоолошката градина, црните носорози ретко живеат во дивината повеќе од 30 години и додаваат дека овој животински вид е сериозно загрозен поради ловокрадството. Рогот е посакуван трофеј што се продава наводно како чудесен лек.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote