Поранешниот менаџер на клубот од Енфилд, Џерар Хулие, почина на 73 годишна возраст. Французинот ги менаџираше Ливерпул од 1998 до 2004 и успеа да ги израдува навивачите со 5 титули вклучувајќи ја и тројната круна во сезоната 2000/01.

Пред Ливерпул, Хулие ги менаџираше Ленс, ПСЖ и Француската национална репрезентација, а по заминувањето од Енфилд, тој се пресели во Лион и освои две титули во Францускиот шампионат. Тој се пензионираше во 2011 поради проблеми со срцето.
Коментари
Loading…