in , ,

ТаженТажен

Почина американскиот актер Реј Лиота

Американскиот актер Реј Лиота, ѕвездата на култниот филм „Goodfellas“, почина на 68-годишна возраст, објавија денеска повеќе американски медиуми.

Актерот починал во сон додека снимал во Доминиканската Република, објавија порталите TMZ и Deadline.

Лиота направи пробив во својата кариера со улогата во крими-класикот „Добри момци“ на Мартин Скорсезе, а одигра значајни улоги во филмовите „Брачна приказна“, „Мафијашките светци на Њу Јорк“, „Поле на соништата“, „Земја на Полицајци“, „Бела прашина“.

Порталот Deadline наведува дека се очекува подоцна да бидат соопштени повеќе детали за причината за смртта, но дека тоа не се смета за сомнително.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote