in

Дидиер Дешамп: Погба не може да биде среќен во Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба не може да биде среќен со неговата ситуација во клубот, тврди стратегот на Франција, Дидиер Дешамп. Погба забележа 11 настапи за екипата од Олд Трафорд оваа сезона, но започна само 5 од нив. Тој беше на клупата за резерви во натпреварот против Евертон во сабота и влезе во игра во 82та минута.

Погба моментално е со Француската репрезентација и ќе одигра три натпревари, против Финска, Португалија и Шведска. „Тој е во една ситуација со клубот кадешто не може да биде среќен, ниту со неговата минутажа, ниту со позицијата која ја игра. Тој не е во најдобра форма, имаше неколку повреди и беше заразен со Ковид-19. Тој мора да го најде неговиот ритам.“ изјави Дешамп.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote