in

Погребан принцот Филип! [ФОТО ГАЛЕРИЈА]

Британскиот принц Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, е погребан денес во кралската крипта во капелата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор.

Филип почина на 9 април, на 99-годишна возраст.

Тој беше испратен со воени почести, а на неговиот ковчег имаше офицерска капа на Кралската морнарица и сабја. Ковчегот беше покриен со неговото лично знаме, чии четвртини претставуваат Данска, Грција, благородното семејство на Маунтбатен и градот Единбург.

Само членовите на кралското семејство присуствуваа на богослужбите во капелата, во согласност со мерките во борбата против вирусот корона, а службата ја служеше надбискупот од Кантербери.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote