in

Од денеска полицискиот час започнува од 21 часот!

На седницата на Владата која се одржа вчера беше одлучено да се прифатат препораките од Комисијата за заразни болести.

Почнувајќи од денеска, беше одлучено забраната за движење на целата територија на државата да започне наместо од 20, од 21 до 5 частот. Забраната за движење нема да важи само вечерта помеѓу 1 и 2 мај, поради велигденските празници, и помеѓу 13 и 14 мај, поради верскиот празник Рамазан Бајрам.

Сите угостители од денеска ќе можат да работат само во отворените делови, до 20:30 часот, а потоа мора да ги затворат своите објекти. Рестораните за свадби и прослави исто така ќе можат да работат но само во отворениот дел од нивниот локал.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote