Еден Полјак (50) паднал на тестот од сообраќајните прописи во автошколата дури 192 пати за 17 години, што е рекорден број на обиди во неговата земја.
За да добијат возачка дозвола во Полска, кандидатите, исто како и во Македонија, мора да положат теоретски испит пред да им биде дозволено да седнат зад воланот и да започнат со практичниот дел.
Нема ограничување на бројот на обиди. Стапката на поминување е обично помеѓу 50 и 60 проценти за теоретскиот испит, додека за практичниот дел стапката на положба е под 40 проценти.
Човек од Пјотрково Трибуналски, чие име не е објавено, се запиша во автошкола пред скоро две децении. Според државната радио и телевизија ТВП, тој веќе потрошил 1.300 евра на следните испити. И покрај тоа, тој не се предавал.
Но сагата завршила среќно! Пољакот успешно го поминал испитот!
Полскиот возач не е единствениот кој паднал на испит толку многу пати. Во 2009 година, Јужнокореец го положи испитот од 950-тиот обид, додека неименуван човек од Велика Британија успеа да го положи теоретскиот дел од испитот по 157 пати на почетокот на оваа година.
Коментари
Loading…