in ,

ПОЛН СО ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ: Овој зеленчук е извор за Вашето здравје!

Зелката на нашите простори се користи и како храна и како лек, благодарение на нејзините богати витамински состојки.

Освен тоа што има само 40 калории во сто грама, зелката содржи значителни количини фосфор, калциум, калиум и сулфур, железо, бакар, цинк и магнезиум. Особено е богата со витамин Ц, но и витамини А, Б1, Б2, ПП и К. Таа може успешно да ги излечи следните болести:

Чир на желудникот

Три неполни чаши сок од свежа зелка на ден се добар лек за чир на желудникот. Лекувањето се спроведува до оздравување и секако со консултации со компетентни лица.

Мамурлак

Мамурлакот може да се сузбие по земање две големи лажици сируп од црвена зелка. Сирупот можете да го направите така што на сокот од зелка ќе додадете еднаква количина шеќер и ќе варите на пареа додека не се згусне.

Кашлица

Сирупот од црвена зелка ја смирува кашлицата. За сирупот потребно е ситно да изрендате главица црвена зелка, добро да ја изгмечите и да ја процедите, а потоа благо да ја загреете на околу 45 до 50 степени и да додадете три-четири супени лажици мед и два децилитри чај од слез. Благо промешајте ја смесата со дрвена лажица. Кога масата ќе се соедини, природно изладете ја и ставете ја во темно шише и држете ја на студено. Неколку пати дневно испијте по една супена лажица.

Оток и акни

Доколку се удрите отокот и модринките отстранете ги со помош на стариот лек. Доволно е два листа купус да ставите на удреното место. Акните, лишаите и некои видови егземи се ублажуваат со облоги од листови или лосиони од сок од свежа зелка.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote